Портпаролот на рускиот претседател истакнува дека резолуцијата не е правно обврзувачка.
„Европскиот парламент е тип на организација која сака да ја заснова својата работа на емоции, на емотивен пристап и за нас не е тајна дека таму последниве години има малку љубов за нас“, рече Песков, а пренесе ТАСС.
Во опширното интервју за телевизијата Русија-1, на кое се повикува ТАСС, тој рече дека ситуацијата во Европскиот парламент во моментов е таква што русофобијата е преплавена и додаде дека емоциите се „толку непостојана работа“.
„Денеска емоциите се кон русофобијата, утре ќе биде нешто друго. А потоа можеби ќе има разјаснување“, рече Песков.
Тој додаде дека Русија гледа „голем недостиг на професионализам во работата на Европскиот парламент“.