Во НАТО

Песков: Пристапувањето на Финска и Шведска нема да ја зголеми европската безбедност

Пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО нема да ја зајакне европската безбедносна архитектура, рече Песков.

Фото: ЕПА

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија внимателно ги следи обидите на Финска и Шведска да ѝ се приклучат на воената алијанса НАТО предводена од САД.

Тој рече дека е убеден дека нивното пристапување на ниту еден начин нема да ја зајакне европската безбедносна архитектура, пренесува Ројтерс.

Претходно во понеделникот, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков порача дека Западот не треба да мисли дека Москва едноставно ќе го толерира проширувањето на НАТО, наведувајќи „грешка што ќе поттикне воени тензии“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе