Продолжуваат тензиите меѓу Русија и Украина

Песков: Обидите на Украина да го врати Крим се закана; Зеленски: Ослободувањето на Крим е национална цел

Русија гледа „директна закана“ во обидите на Украина да го врати Крим, територијата која Москва ја анектираше во 2014 година, соопшти денес Кремљ.

EPA-EFE

„Ние тоа го гледаме како директна закана кон Русија“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес-конференција, по повод вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинскиот претседател кажа дека „ослободувањето на Крим претставува национална цел“.

Песков кажа дека од изјавата на Зеленски може да се заклучи дека украинскиот режим би бил спремен да ги употреби сите средства, па и сила, „за да навлезе на руска територија“.

Портпаролот на Кремљ ја осуди „агресивната реторика“ на украинските власти.

Минатата недела украинските власти соопштија дека откриле планови за државен удар поддржан од Москва, а Москва ги негираше тие обвинувања.

Русија го припои Кримскиот Полуостров во 2014 година, откако беше урнат од власт тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович, наклонет кон Москва.

Русија потоа го поддржа сепаратистичкиот бунт на истокот на Украина кој и понатаму трае.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе