Портпаролот на Кремљ

Песков: Ембаргото на нашата нафта ќе влијае негативно на целиот енергетски пазар

Делумното ембарго на Европската Унија на руската нафта ќе има негативно влијание на целиот енергетски пазар, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

„Овие санкции несомнено негативно ќе влијаат можеби на целиот континент, но сигурно на Европејците, на нас и на глобалниот енергетски пазар“, предупреди тој.

Песков додаде дека европскиот пазар е многу важен за Русија во поглед на снабдувањето, но сега Москва презема мерки да ги ублажи последиците на овие нови ограничувања.

„Резервите ги пренасочуваме на други дестинации. Тоа се решителни, систематски акции кои ќе ни овозможат да ги минимизираме сите негативни ефекти“, кажа Песков.

Истакна дека Европа ќе биде соочена со сериозен удар од сопствените одлуки и дека ќе мора да ги издржат последиците.

Членките на Европската Унија во понеделникот одобрија шести пакет санкции против Русија, меѓу кои делумно ембарго на увозот на руска нафта и исклучување на Сбербанка од меѓународниот систем на трансакции СВИФТ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе