Пентагон: Кина до 2035 тројно ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал  

Кина веројатно повеќе од тројно ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал до 2035 година, кога ќе има 1.500 нуклеарни боеви глави, објави Пентагон во извештајот во кој се истакнува постојаното подобрување на кинеските воздушни сили. Бројката ја истакнува сè поголемата загриженост на Соединетите Американски Држави за намерите на Кина да го прошири својот нуклеарен арсенал иако предвидувањата не покажуваат дека се забрзува кинескиот развој на боевите глави.

EPA-EFE

„Трупањето е брзо и премногу големо за да се прикрие. Се наметнува прашањето дали (Кинезите) се откажуваат од стратегијата која ја нарекоа ефикасно одвраќање“, кажа висок американски одбранбен функционер на брифингот за новинари за годишниот извештај на Пентагон за кинеската војска. Извештајот, кој главно се темели на анализа од 2021 година, тврди дека кина во моментов во своите складишта има над 400 нуклеарни боеви глави.

Пентагон предвидува дека кинескиот нуклеарен арсенал до 2030 година ќе се состои од 1.000 боеви глави, а проекцијата за 2035 се темели на истото темпо на развој. Кина тврди дека нејзиниот арсенал е минорен во споредба со американскиот или рускиот и дека е спремна на дијалог, но само ако Вашингтон го намали количеството на сопственото нуклеарно вооружување на кинеско ниво.

САД имаат околу 3.700 нуклеарни боеви глави, од кои 1.740 се распоредени, според Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања. Кинескиот лидер Си Џинпинг за време на конгресот на Комунистичката партија во октомври истакна дека Кина ќе ги зајакне своите средства за стратегиско одвраќање, терминот кој често се користи за нуклеарно оружје.

Извештајот на Пентагон ја повтори загриженоста околу сè поголемиот притисок на Пекинг врз Тајван, одметнатиот остров кој Кина го смета за своја територија. Претставникот на Пентагон кажа дека Вашингтон кинеската инвазија на Тајван не ја гледа како „скора закана“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе