Пекол на бугарско-грчката граница, колона српски возила од 13 километри (ВИДЕО)

На граничниот премин Кулата-Промахонас има огромна гужва од возила на српски туристи кои се обидуваат да влезат во Грција.

Screenshot

„Еве чекаме веќе два часа и минавме 2 километри, а колоната пред нас е 13 километри, како што вели полицијата“, изјави еден од српските туристи заглавени на граничниот премин.

„Да знаев дека ќе биде вака, од Софија ќе продолжев на Сончев брег бидејќи ова е катастрофа“.

По уште некоку часа чекање, истиот турист се јавил во редакцијата на Б92 да каже дека успеал да ја мине границата, но дека автомобилот пред него останал на срана бидејќи едниот од патниците го одбрале за тестирање по случаен избор.

Откако вчера на кратко беше отворен па набрзо затворен граничниот премин Евзони кон Македонија, голем број српски туристи кон Грција повторно тргнаа преку Бугарија.

Српските власти вчера јавија дека тој проблем треба да биде решен и дека тоа што Евзони е затворен за граѓаните на Србија е всушност недоразбирање, сепак не се знае кога повторно ќе биде отворен.

Според последните информации, Евзони останува затворен до 15 јули, кога повторно ќе биде разгледувано тоа прашање, навеле од српската амбасада во Атина за Б92.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе