Пекинг поради девет нови случаи нареди тестирање на два милиони луѓе

Градската власт во кинескиот главен град во неделата нареди тестирање на два милиони жители на коронавирус, бидејќи градот продолжи да пријавува нови случаи, помалку од две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри. Градските власти во Пекинг во неделата соопштија дека два милиони жители во населбата во која биле идентификувани низа заразени ќе бидат тестирани.

Фото: ЕПА

Девет локално пренесени случаи со потврдени симптоми биле откриени во Пекинг во саботата, што е помалку од 10 ден порано, објави во неделата Националната здравствена комисија, додавајќи дека шест од деветте биле во градската област Фенгтаи. Фенгтаи ќе организира тестирање за сите свои жители во недела, се вели во соопштението на окружните здравствени власти.

Градот Пекинг, исто така, побара од жителите проактивно да одат на тестирање доколку развијат симптоми на ковид-19 во рок од 14 дена од приемот на поштенски пратки од странство, соопштија локалните власти.

Кина ги повика луѓето да носат маски и ракавици при отворање на поштата, особено од странство, откако властите сугерираа дека првиот случај на варијантата омикрон на коронавирусот пронајден во Пекинг може да пристигнал на пакет од Канада.

Градовите во Кина воведоа построги мерки за борба против вирусот во последниве недели додека Пекинг се подготвува да биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот на следниот месец. Многу градови ги советуваат жителите да не патуваат или бараат од патниците да ги пријават своите патувања неколку дена однапред.

Континентална Кина во саботата пријави 56 нови случаи на ковид-19, што е помалку во однос на 63 случаи еден ден порано, според националниот здравствен орган на земјата.

Националната здравствена комисија соопшти дека 19 нови случаи се локално пренесени, што е помалку во однос на 23 ден претходно, а останатите се увезени. Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи, падна на 34 од 43 ден порано. Нови починати нема, па бројот на починати е 4636.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе