Патници од запален воз во САД бегале преку прозорци, скокале од мост (ВИДЕО)

Возот Оринџ лајн кој сообраќал во областа на Бостон, се запали вчераутро на мостот на реката Мистик ривер, предизвикувајќи паника кај патниците кои ги кршеле прозорците за да излезат.

Фото: скриншот

Главниот вагон се запалил и се расипал нешто пред 7 часот наутро додека се приближувал до станицата во Сомервил.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците бегаат низ прозорците и излегуваат од возот. Очевидци јавуваат дека некои дури и скокале од мостот.

Извршниот директор на јавниот превоз МБТА Стив Пофтак им се извини на патниците за инцидентот, велејќи дека се работи за застрашувачки настан. Тој на прес-конференција рече дека несреќата ја предизвикало парче метал на споредна пруга кое се олабавило и дошло во контакт со друга шина низ која течела струја.

Ниту еден од околу 200 патници во возот стар 42 години не бил повреден за време на евакуацијата.

Џон Госелин, сведок кој од прозорец на хотел гледал што се случува, за Ен-би-си10 Бостон изјави дека луѓето излегувале од прозорците кога возот се запалил.

„Видов како возот прво застана, потоа почна да искри, а потоа избувна пожар кој целосно ги зафати првите неколку метри од вагонот зад машиновозачот. Потоа чадот се прошири низ возот. Луѓето почнаа да излегуваат од прозорците. Изгледаше страшно некое време. Не можеше да се види возот од чадот“, рече Госелин.

Оштетениот воз е однесен во складиште во Велингтон на дополнителна проверка. Известени се и федералните служби за транспорт и покрената е истрага.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе