Партнерката на Џулијан Асанж го моли Трамп да го помилува

Партнерката на основачот на Викиликс Џулијан Асанж апелираше во твитер порака упатена денес, на Денот на благодарноста, до американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува. Асанж американски обвинители го обвинија по 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутери за објавувањето на американските воени документи преку Викиликс пред десет години. За тие обвинувања може да добие вкупно 175 години затвор.

EPA-EFE

Стела Морис со пораката на Твитер објави фотографија од нивните две мали деца и напиша: „Ова се синовите на Џулијан Макс и Габриел. Потребен им е татко. На нашето семејство му е потребно да биде повторно цело. Ве молам вратете го дома пред Божиќ“.

Четириесет и деветгодишниот Асанж се наоѓа во високо обезбедуваниот британски затвор Белмарш додека ја чека одлуката на судот за тоа дали може да ѝ биде екстрадиран на Америка за таму да одговара на обвинувањата за шпионажа.

Морис кажа дека тој повеќе од една недела е изолиран во својата ќелија поради избивање на жариште на коронавирусот во неговиот затворски блок.

Асанж пред четири недели присуствуваше на рочиште за екстрадицијата во Централниот кривичен суд во Лондон во септември и октомври. Судијката во тој случај кажа дека ќе ја објави одлуката на 4 јануари.

Одбраната на Асанж наведува дека тој е новинар и дека има права на заштита според Првиот амандман на американскиот устав за објавување на протечените документи кои го открија криминалното дејствување на американската војска во Ирак и Авганистан. Тие наведуваат и дека условите со кои би се соочил во американски затвор претставуваат кршење на неговите човекови права.

Асанж избега додека беше условно пуштен во 2012 и побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде мина седум години пред да биде исфрлен и веднаш потоа уапсен во Лондон. Се наоѓа во затвор од април 2019.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе