Партијата на Макрон го смени името

Република во движење, политичкото движење на францускиот претседател Емануел Макрон, вчера официјално го смени името во Преродба.

Фото: ЕПА

Движењето беше основано од Макрон една година пред да го освои својот прв претседателски мандат во 2017 година и му беше витален инструмент за освојување на вториот мандат оваа година.

Бидејќи нејзиниот основач нема право на трет мандат, Републиката во движење (ЛРЕМ) мора радикално да се реформира и да се претвори во класична партија која ќе опфати поширок круг гласачи.

Партиските делегати синоќа на конгресот во Париз одлучија партијата во иднина да се вика Препород.

„Без единство, ќе надвладеат екстремите“, им порача Макрон, кој ќе биде почесен претседател на партијата.

Макрон ја победи лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која освои респектабилни 41 отсто од гласовите, во вториот круг од претседателските избори во мај.

Еден месец подоцна, сепак, неговата партија го загуби апсолутното мнозинство во парламентот.

Официјален лидер на партијата ќе биде Стефан Сежурне (37), претседател на клубот на пратеници на либералната групација Обнови ја Европа во Европскиот парламент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе