Папата: Знам низ што поминуваат заболените од корона, кога бев млад преживеав тешка инфекција

Папата Франциско рече дека знае низ што минуваат заболените од ковид-19, бидејќи како млад едвај преживеал тешка респираторна инфекција.

Фото: ЕПА

На Франциско во родната Аргентина поради болест му бил отстранет поголемиот дел од белите дробови во 1957 година кога имал 20 години и бил втора година на богословија.

„Со месеци не знаев кој сум, не знаев дали ќе преживеам. Дури и лекарите не знаеја дали ќе успеам“, се сеќава 83-годишниот папа во новата книга.

„Еден ден ја прегрнав мајка ми и ја прашав дали ќе умрам... Од тоа искуство, знам низ што поминуваат пациентите со коронавирус кога се борат за здив“.

Ова се цитати од книгата „Ајде да сонуваме: Пат кон подобра иднина“ напишана од Франциско со неговиот англиски биограф Остин Ајвери.

Книгата ќе биде објавена на 1 декември, а извадоците се објавени денес од италијанскиот дневник „Ла Република“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе