Папата стигна во Ирак, го пречека билборд: „Сите сме браќа“ (ВИДЕО)

Папата Франциско пристигна во тридневна посета на Ирак, опишана како историска, за да апелира до христијаните, кои ги има сè помалку во таа земја, да останат и да помогнат во обновата по долгогодишната војна и прогонствата.

Фото: ЕПА

Папата беше пречекан на аеродромот во Багдад од ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими. Утре тој ќе се сретне со највисокиот шиитски функционер во земјата, ајатолахот Али ал-Систани, а задутре ќе одржи миса во Ербил.

Новинарот на новинската агенција АП извести дека мерките против ширењето на заразата на аеродромот биле слабо почитувани, иако состојбата со инфекцијата во таа земја се влошува.

Во центарот на Багдад за добредојде на поглаварот на Римокатоличката црква беа прикажани билборди со ликот на папата, со натпис „Сите сме браќа“.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин изјави дека Ирачаните со нетрпение ја пречекуваат „пораката за мир и толеранција“ на папата.

Во пресрет на посетата на Ирак, папата Франциско рече дека оди на аџилак за мир по повеќе години војна и тероризам.

Римокатоличкиот водач инсистираше на патувањето и покрај зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Ирак и загриженоста за неговата безбедност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе