Во интервју за Ројтерс

Папата сака да отпатува за Москва: „Ако Путин ми даде барем прозорче...“

Папата Франциско ги негира информациите дека планира наскоро да ја напушти функцијата, велејќи дека сака да ја посети Канада овој месец и се надева дека потоа ќе ги посети Москва и Киев што е можно поскоро.

Фото: ЕПА

Во ексклузивното интервју за Ројтерс во неговата резиденција во Ватикан, Франциско исто така ги отфрли тврдењата дека има канцер. „Лекарите ми немаат кажано“, се пошегува и за прв пат зборуваше за состојбата на коленото, кое го спречи да извршува некои од неговите должности.

Во 90-минутното интервју за време на викендот, 85-годишниот поглавар на католичката црква ја повтори својата осуда на абортусот, откако Врховниот суд на САД минатата недела ја укина одлуката со која процедурата се дозволува на федерално ниво. „Тоа е како да најмите платен убиец“, рече тој за абортусот.

Медиумите неодамна пишуваа за голем број настани на крајот на август што се потенцијален показател за наводната оставка, како средба со светските кардинали за новиот ватикански устав, церемонијата на именување нови кардинали и посетата на италијанскиот град Аквила.

Франциско со насмевка ги отфрли овие тврдења и рече дека тоа не му паднало на памет. Сепак, повтори дека еден ден навистина ќе го стори тоа доколку неговата здравствена состојба го спречи да ја води црквата.

Папата мораше да ја откаже посетата на Демократска Република Конго и Јужен Судан, откако лекарите му рекоа дека ќе мора да ја пропушти посетата на Канада од 24 до 30 јули доколку не се согласи на уште 20 дена терапија за десното колено.

Откажувањето на патувањето во Африка му донесе многу страдања, рече тој, особено затоа што сакал да работи за мир во двете земји. Тој за прв пат јавно проговори за своето колено, велејќи дека добил мала скршеница кога направил погрешен чекор додека лигаментот бил воспален.

„Добро сум, полека закрепнувам“, нагласи Франциско. Тој, исто така, ги отфрли гласините дека му бил дијагностициран рак пред една година, кога бил подложен на шестчасовна операција за отстранување на дел од дебелото црево поради дивертикулитис, состојба честа кај постарите лица.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Франциско истакна дека има контакти меѓу државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можно патување во Москва.

Првичните знаци не беа добри, рече тој. Ниту еден папа никогаш не ја посетил Москва, а Франциско повеќе пати ја осуди руската инвазија на Украина - минатиот четврток тој имплицитно ја обвини Русија дека води сурова и бесмислена агресорска војна.

Кога Ватикан првпат праша за патувањето пред неколку месеци, Франциско рече дека Москва одговорила дека „не е вистинското време“.

Но сега навести дека можеби нешто се променило.

„Би сакал да одам во Украина, а сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа бидејќи мислев дека ако рускиот претседател ми даде мало прозорче да ѝ служам на каузата на мирот...“

„И сега тоа е можно, откако ќе се вратам од Канада, можно е да одам во Украина“, рече тој, додавајќи дека „првата работа е да отидам во Русија, да се обидам да помогнам на некој начин, но би сакал да ги посетам двете престолнини“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе