Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

Папата Франциско во телевизиско интервју ги повика властите во Пјонгјанг да го поканат да ја посети Северна Кореја, додавајќи дека нема да ја пропушти можноста да ја посети земјата и да работи за мир. Потенцијалната папска посета на изолираната, нуклеарно наоружана земја беше најавена во 2018 година кога поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џае Ин започна дипломатија со лидерот на Пјонгјанг, Ким Џонг Ун.

Фото: ЕПА

Мун, кој е католик, на самитот рече дека Ким му рекол дека папата ќе биде „ентузијастички“ пречекан. Папата Франциско тогаш одговори дека би бил подготвен да ја посети таа земја доколку добие официјална покана. Но, Пјонгјанг во голема мера го прекина контактот со Сеул откако пропадна вториот самит меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година.

„Кога ќе ме повикаат - т.е. ве молам, повикајте ме - нема да кажам не“, изјави папата Франциско за јужнокорејската државна телевизија КБС во интервјуто што беше емитувано денеска. „Целта едноставно е братство“, додаде тој.

Врските меѓу Северна и Јужна Кореја се на најниско ниво откако Сеул во мај го инаугурираше новиот претседател Јун Сук-Јол. Јун ѝ понуди помош на Северна Кореја во замена за денуклеаризација, но режимот на Ким го исмеа планот.

Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја за појавата на ковид-19 во мај, а претходно во август се закани дека ќе ги „збрише“ властите во Сеул како одмазда. Северна Кореја изврши рекорден број тестови на оружје оваа година, вклучително и истрелување интерконтинентална балистичка ракета со целосен дострел за прв пат од 2017 година.

Папата постојано ги повикува Корејците на полуостровот да „работат за мир“. „Вие, корејскиот народ, страдавте поради војната“, рече тој. Верската слобода е запишана во уставот на Северна Кореја, но сите верски активности се забранети надвор од институциите одобрени од државата.

На почетокот на 20 век, пред поделбата на полуостровот, Пјонгјанг бил регионален мисионерски центар со многу цркви и растечка христијанска заедница, па затоа бил наречен „Ерусалим на истокот“. Но, Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја и дедо на сегашниот владетел, го гледал христијанството како закана и го искоренил со егзекуции и работни логори.

Севернокорејскиот режим сега им дозволува на католичките организации да спроведуваат хуманитарни проекти, но директни односи на земјата со Ватикан не постојат. Папата Франциско ја посети Јужна Кореја во 2014 година и одржа специјална миса посветена на повторно обединување на двете Кореи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе