Папата оди во посета на Грција и Кипар, сака да ги зајакне односите со Православната црква

Папата Франциско утре патува во петдневна посета на Кипар и Грција со која сака да ги зближи односите со Православната црква и да предупреди на маките на мигрантите.

EPA-EFE

Неколку недели пред својот 85-ти роденден и неколку месеци по операцијата на дебелото црево во јули и покрај пандемијата на коронавирусот, папата повторно оди на пат за да ги промовира двата приоритети на својот мандат.

Првата станица е Кипар од 2 до 4 декември, а потоа два дена ќе мине во Грција. Двете земји се мнозински православни, но во нив живеат и десетици илјади католици. Папата на патувањето ќе одржи десетина говори и ќе има низа состаноци со политички и верски лидери, вклучувајќи го Еронимус Втори, поглаварот на Грчката православна црква.

Во многу симболичен чин папата Франциско повторно на 5 декември ќе го посети островот Лезбос, важната точка на влезот на мигрантите во Европа, каде во април 2016 ја кажа познатата реченица „Сите сме ние мигранти“.

Во тоа време Европа беше соочена со голем бран мигранти од Сирија. Тоа прашање и денес е трагично актуелно, од неодамнешното гинење на мигрантите во Ламанш до тензичната ситуација на границата на Белорусија и Полска, каде мигранти кои очајно сакаат да стигнат до Европа се блокирани на студот во тешки услови.

Папата би требало повторно да го насочи вниманието на светот на мигрантската криза која е најлошата хуманитарна катастрофа од Втората светска војна.

Папата планира на Лезбос да пренесе хуманитарна, а не политичка порака, вели Јосиф Принтезис, надбискупот одговорен за грчките егејски острови.

„Тој сака да ја крене свеста на европските граѓани за бегалците, бидејќи Медитеранот е полн со давеници“, додаде Принтезис.

Враќањето на папата на Лезбос е многу силна порака, особено откако се влоши ситуацијата, кажа Роберто Зуколини, портпаролот на италијанската католичка организација која им помага на мигрантите во Европа од 2015 година.

„Папата планира силно да ја потсети цела Европа дека има заедничка одговорност“, кажа Зуколини.

Фокусот на посетата на Атина ќе биде дијалогот со православните христијани, кои во светот ги има повеќе од 300 милиони. Православната црква се раздвоила од Католичката во 1054 година. Планирани се две средби со архиепископот Еронимус.

„Папата сака да ги зајакне односите со православната заедница“, вели ватиканскиот експерт Марко Полити, додавајќи дека Франциско искажува братство кон православните верници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе