Папата одби да го прими Помпео и го обвини дека ја вовлекува Католичката црква во американските избори

Ватикан објави вчера дека го одбиле барањето на шефот на американската дипломатија Мајк Помпео за аудиенција кај папата Франциско и го обвинија американскиот државен секретар дека се обидува да ја вовлече Римокатоличката црква во американските претседателски избори со осудување на ватиканските односи со Кина.

EPA-EFE

Забелешките на двајца дипломати во Ватикан следеа откако Помпео во напис и низа постови на Твитер ја обвини Католичката црква дека го загрозила својот „морален авторитет“ со обновата на договорот за именување бискуп со Кина.

Помпео, кој вчера престојуваше во Рим, денес треба да се сретне со ватикански функционери, повторно ја осуди Кина на конференција за верските слободи во организација на американската амбасада.

Двајцата главни дипломати на Ватикан, државниот секретар и кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Галагер, кажаа дека папата Франциско го отфрлил барањето на Помпео за аудиенција бидејќи не сака да се сретнува со политичари пред избори.

„Да, тој побара. Но патата веќе јасно кажа дека не прима политичари во време на избори. Тоа е причината“, кажа Паролин.

Ватикан и Пекинг минатиот месец потпишаа двегодишен договор за именување кинески бискупи. Тој договор истекува следниот месец, а би требало да биде обновен.

Функционерите на Светиот престол кажаа дека договорот не е совршен, но го опишаа како чекор напред по децениите во кои беа прогонувани кинеските католици кои го признаваат папата.

Кинеските католици, речиси 12 милони, се поделени на „подземна“ црква лојална на Ватикан и Католичкото патриотско движење кое го контролира државата и му ги одредува бискупите.

Паролин и Галагер кажаа дека ги „изненадиле“ критиките на Помпео непосредно пред планираната средба.

„Обично кога се организираат посети на високи функционери, дневниот ред се договара во приватност, доверливо. Тоа е едно од правилата на дипломатијата“, кажа Галагер.

„Договорот на Ватикан и Кина е прашање кое нема никаква врска со американската политика. Тоа е прашање меѓу црквите и не би требало да се користи во други цели“, кажа Паролин.

Помпео на брифингот го прашаа дали „тргнува во борба“ со Ватикан околу Кина и како тоа може да влијае врз гласачите христијани во САД, а тој порача дека тоа е „едноставно лудост“.

Претседателот Доналд Трамп остро се постави против Кина во својата изборна кампања. Тој е силно поврзан со конзервативните католички и православни движења, од кои голем број се критични кон папата Франциско.

Помпео не се осврна директно на договорот на Ватикан и Пекинг, но кажа дека Кина „најмногу во светот ги загрозува правата на верниците“.

„Верските слободи не се никаде нападнати како во Кина“, кажа Помпео и додаде дека кинеската Комунистичка партија се труди „да ја задуши светлината на слободата во застрашувачки размери“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе