Светот може да произведе доволно храна за сите

Папата на форум на ОН: Гладот е злосторство со кое се кршат основните права

Папата Франциско го нарече гладот злосторство, бидејќи светот може да произведе доволно храна за сите, надоврзувајќи се на предупредувањето на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш дека климатските промени и војните се причини за сиромаштијата и нерамномерниот развој.

EPA-EFE

Гутереш преку видео-врска на состанокот во Рим кажа дека производството на храна создава третина од загадувањето од кое потекнува загревањето на климата и дека предизвикало дури 80 отсто од исчезнувањето на растителните и животинските видови.

Собирот е организиран во рамки на подготовките за самитот на Обединетите нации за производство на храната кој ќе се одржи во септември во Њујорк.

Во пишаната порака папата кажа дека пандемијата на коронавирусот „го соочи светот со системските неправди кои го поткопуваат нашето единство како семејства на луѓе“.

Кажа дека најсиромашните луѓе и светот се бунат поради „штетата која ѝ ја нанесуваме на планетата со неодговорната употреба и злоупотреба на добрата кои ги создал Бог“.

Папата додаде дека се развиваат нови технологии за да се зголеми капацитетот за производство на храна, но луѓето сепак продолжуваат „да ја експлоатираат природата до стерилност, ширејќи ги пустините, и тоа не само вистинските, туку и внатрешните, духовните“.

Тој кажа дека гладот е „скандал и злосторство кое ги крши основните човекови права“.

Во овомесечниот извештај на Обединетите нации е наведено дека бројот на гладните во светот минатата година се зголемил за 161 милион во однос на 2019 година, на што придонела и пандемијата на ковид-19.

Гутереш кажа дека „сиромаштијата, нееднаквоста во приходите и скапата храна и понатаму ја спречуваат исхраната на три милијарди луѓе во светот“. Тој кажа дека „климатските промени и војните се причина и придвижувач на оваа катастрофа“.

Меѓународниот фонд за земјоделски развој (ИФАД), агенција на Обединетите нации која им помага на малите земјоделци во земјите во развој, ги повика политичарите да се позанимаваат со неуспесите на системот за производство на храна поради кои стотици милиони луѓе се сиромашни и гладни.

ИФАД побара производството на храна да ја „штити животната средина и биодиверзитетот и луѓето кои ја произведуваат храната да се пристојно платени за својата работа“.

Според јулскиот извештај на ОН, во 2020 година гладувале 811 милиони луѓе во светот.

Главниот економист на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) кажа дека годишно се потребни речиси 14 милијарди долари за бројот на гладните во светот да се намали за 100 милиони до 2030 година, а за гладот во светот да се искорени до таа година, што е целта на ОН, тој износ треба тројно да се зголеми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе