Папата му подари медалјон на мирот на заменикот на Трамп (ФОТО)

Папата Франциско го прими денес американскиот потпретседател Мајк Пенс и еден час се задржа во разговор со него и притоа му подари медалјон на мирот, на кој има прикажано ангел.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се пошегува дека папата Франциско го направил „херој“ за време на невообичаено долгата средба со папата.

Пристигнувајќи во канцеларијата на папата во Ватикан со широка насмевка на лицето, Пенс му ги пренесе на Светиот отец „срдечните поздрави од Доналд Трамп, кој бил воодушевен од посетата на папата“.

Американскиот потпретседател кој на папата му подари крст направен од дрво во неговата резиденција во Вашингтон, беше придружуван од неговата сопруга и снаа.

При размената на подароците по приватните разговори, Франциско му подари на Пенс мала бела кутија со медалјонот внатре.

„Не сакав да прашам", рече во смеа Пенс, кога папата му ја подаде кутијата. „Ова е за мама".

Додека ја напушташе библиотека, Пенс, сè уште ја држеше малата бела кутија и рече: „Ви благодарам Ваша Светост ме направивте херој ... Бог да ве благослови".

Во американската делегација била Калиста Гинрич, американска амбасадорка при Светата Столица и нејзиниот сопруг Њут Гингрич, поранешен републикански претседател на Претставничкиот дом. Во придружба бил и Пенсовиот советник за безбедност Кит Келог, пензиониран генерал на американската војска.

Трамп и папата, кои често имаат сосема различни мислења за некои прашања, се сретнаа во Ватикан во мај 2017 година, кога разговараа половина час.

Франциско и нему му даруваше медалјон симбол на мирот и текст што го напиша по повод Меѓународниот ден на мирот.

„Ви го давам за да бидете инструмент на мирот“, рече тогаш папата. „Мир навистина ни е потребен“, одговори Трамп.

Нивната средба уследи по острите забелешки на папата упатени до Трамп во февруари 2016 година. Одговарајќи на прашање за магнатот на недвижнини, папата Франциско рече: „Кој сака да гради sидови, а не мостови, не е христијанин“.

Милијардерот рече дека е „срамно“ што еден религиозен лидер „се сомнева во нечија вера“, но не го напушти својот план за подигнување ѕид по должината на границата со Мексико.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе