Папата именуваше шест жени во советот што ги надгледува ватиканските финансии

Папата Франциско именуваше шест жени во советот што ги надгледува ватиканските финансии, меѓу кои е и Лесли Џејн Ферар, поранешна благајничка (2015-2017) на принцот Чарлс.

Фото: ЕПА

Назначувајќи шест жени на високи позиции, папата се обидува да го исполни ветувањето дека ќе го урамнотежи односот меѓу мажите и жените во ватиканската бирократија, пренесе Ројтерс.

Претходно, Советот за економија бил составен исклучиво од мажи. Во советот има 15 позиции, кардиналот е координатор, а другите 14 места се подеднакво поделени меѓу членови на свештенството и лаиците.

Меѓу припадниците на лаиците сега ќе има шест жени, по две од Велика Британија, Шпанија и Германија, и еден маж Италијанец. Покрај Ферар, тука е и Рут Меј Кели, која во британската лабуристичка влада 2004-2008 година работела како државна министерка за образование и транспорт и како министерка за еднаквост на жените.

Другите четири доаѓаат од деловниот, банкарскиот и академскиот сектор.

Во јануари, папата Франциско ја назначи првата жена на висока позиција во Државниот секретаријат, дипломатски и административен центар на Ватикан во кој доминираат мажите.

Италијанката Франческа Ди Џовани (66) ја зазеде ново воспоставената позиција во Кабинетот за односи со државите како потсекретар и е една од двајцата заменици министри за надворешни работи.

Највлијателните жени во Ватикан се Барбара Јата, шефица на Ватиканските музеи, и Кристијан Мареј, заменик-шеф на канцеларијата за односи со јавноста.

Минатата година, Франциско ги назначи и првите четири жени советнички на Синодот на епископи, институција основана пред 50 години за подготовка на важни состаноци на бискупите, кои на различни теми се одржуваат на секои неколку години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе