Папата им дава на жените право на глас при назначувањето бискупи

Папата Франциско рече дека сака да им даде на жените повеќе позиции на највисоките нивоа во Светата столица и откри дека за прв пат ќе именува жени во досега целосно машкиот ватикански комитет, кој му помага во изборот на бискупите низ светот.

Фото: ЕПА

Улогата на жената во хиерархијата на Ватикан беше една од многуте црковни и меѓународни теми за кои 85-годишниот папа разговараше во ексклузивното интервју за Ројтерс одржано на 2 јули во неговата резиденција во Ватикан.

Новиот устав за централната администрација на Светата столица, кој стапи во сила минатиот месец, дозволува секој крстен католик, вклучително и мажи и жени лаици, да раководи со повеќето одделенија во Ватикан.

„Отворен сум да им дадам шанса (на жените)“, вели тој во дел од 90-минутното интервју во кое разговараше за новиот устав на централната администрација, познат како Римска курија.

Тој напомена дека минатата година за прв пат назначил жена на втората позиција во раководството на Ватикан, со што сестра Рафаела Петрини станала највисокорангирана жена во најмалата земја во светот.

„Две жени ќе бидат назначени за прв пат во комитетот што избира бискупи за Конгрегацијата за бискупи“, рече тој.

Чекорот, кој официјално не е објавен, е исклучително важен бидејќи жените ќе имаат право на глас при назначувањето на бискупите во светот, кои се мажи.

„На овој начин работите малку се отвораат“, рече тој.

Тој минатата година ја назначи италијанската калуѓерка Алесандра Смерили на втората позиција во хиерархијата во Канцеларијата за развој на Ватикан, која се занимава со прашања за правда и мир.

Покрај тоа, Франциско ја назначи Натали Бекарт, француска членка на Сестрите мисионерки Ксавиере, за потсекретар на Бискупскиот синод, кој ги подготвува големите состаноци на светските бискупи, кои се одржуваат на секои неколку години.

Жените-лаици што веќе имаат водечки позиции во Ватикан се Барбара Јата, првата директорка на ватиканските музеи, и Кристиан Мареј, заменик-директорка на јавната канцеларија на Ватикан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе