Папата Франциско повторно побара прошка

Папата Франциско го нарече „културен геноцид" обидот да се асимилираат домородните деца во Канада во текот на 19-тиот и 20-тиот век преку црковните училишта.

Фото: ЕПА

Во разговор со новинарите при неговото враќање во Ватикан, папата рече дека не го користел терминот за време на неговата посета на Канада бидејќи тоа никогаш не му паднало на памет.

„Точно е дека не го употребив тој збор затоа што не ми падна на памет, но опишав геноцид, нели? Се извинив, побарав прошка за овој чин, кој беше геноцид“, рече папата Франциско.

За време на неговата посета на Канада тој никогаш не го употребил терминот.

Во 2015 година истражната комисија го нарече насилството врз децата „културен геноцид“, помеѓу крајот на 19 век и 1990-тите загинале најмалку 6.000 лица што имало влијание на неколку генерации, сеќавањата оживеаја со откривањето на илјадници анонимни гробници во 2021 година.

Повеќе од 150.000 домородни деца во Канада биле принудени да посетуваат христијански училишта финансирани од државата од 19 век до 1970-тите. Целта била да се изолираат овие деца од влијанието на нивните семејства и култура, односно нивна асимилација.

Во училиштата имало физичко и сексуално злоставување, а децата биле казнувани доколку зборуваат на нивниот јазик.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе