„Надминување на вековното несогласување“

Папата Франциско на Кипар повика на помирување на православците и римокатолиците (ФОТО)

Папата Франциско денес од Никозија повика на помирување на православните христијани од истокот и католичките од западот. Тој наведе дека хуманитарната соработка може да биде средство за надминување на повеќевековното несогласување на православците и римокатолиците. Папата денес се сретна со кипарскиот архиепископ Хризостомос Втори, а ќе се сретне и со Светиот синод, највисокото тело во православната црква.

EPA-EFE

„Вековите на поделби и раздор нè натераа, дури и неволно, да ги прифатиме непријателството и предрасудите едни кон други, што се убедувања често засновани на оскудни и искривени информации“, наведе папата.

Архиереите на Кипарската православна црква сакаат да ги зајакнат врските со Светиот престол бидејќи малцинските христијански заедници во блиските земји се чувствуваат загрозено. По турската инвазија во 1974 година, околу 170.000 христијани избегаа од северот на Кипар на кој сега главно живеат Турци, а уништени се црквите, манастирите и другите обележја на христијанството.

Уништувањето на христијанските верски објекти беше меѓу клучните теми на разговорот на архиепископот Хризостомос и папата Франциско. Кипарците се надеваат дека папата, како влијателна личност, може да помогне во заживувањето на преговорите за повторно обединување на Кипар и да помогне да се вратат ограбените верски уметнички дела, вклучувајќи ги иконите, фреските и мозаиците. По пристигнувањето вчера Франциско ги повика кипарските Грци и Турци да ги продолжат преговорите, кажувајќи дека заканите и демонстрациите на сила само го продолжуваат раздорот која трае половина век.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе