Има чума пострашна од ковид, а тоа е озборувањето, рече папата Франциско

„Чума полоша од ковид“ се заканува да ја подели Римокатоличката црква, рече папата, повикувајќи ги верниците да се воздржат од „озборувања“ и предупредувајќи ги да не се жалат постојано во јавноста.

На својот неделен благослов во неделата, папата Франциско се оддалечи од темата и повторно предупреди на „озборувањето“ во црковните заедници и меѓу највисоката црковна бирократија.

„Ве молам браќа и сестри, да се обидеме да не озборуваме“, повика папата. „Озборувањето е чума полоша од ковид. Полоша. Ајде да вложиме голем напор: да не озборуваме!“

Папата рече дека озборувачката „чума“ веројатно погодува значително повеќе луѓе отколку страшниот коронавирус. Во светот се регистрирани околу 26 милиони случаи на ковид-19, меѓу кои и над 880.000 смртни случаи.

Ако „нешто тргне наопаку“, човек треба да им понуди „тишина и молитва“ на оние што направиле „грешка“ наместо јавно да го соопшти тоа, рече Франциско, предупредувајќи дека ѓаволот е „најголемиот озборувач“.

„Ѓаволот е големиот озборувач. Тој секогаш зборува лоши работи за другите затоа што е лажго што се обидува да ја подели црквата“, продолжи папата.

Тој коментираше дека на луѓето треба приватно да им се укаже ако направат нешто погрешно, а работата да се изнесе во „заедницата“ само ако лицето одбие да се поправи. Римокатоличката црква веќе долго време се потпира на таквиот концепт „братска корекција“ меѓу своите архијереи, без да ги објавува внатрешните црковни работи.

Сепак, критичарите на црквата постојано велат дека тоа е погрешно и дека таквата политика само го поттикнува извршувањето гревови внатре во црквата, вклучително и злоупотребата на деца.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе