Стотици заболени

Паника во Пакистан: Девет лица умреле од токсичен гас, загриженост дека ситуацијата е вон контрола

При протекување на токсичен гас загинаа девет лица во Карачи, Пакистан, а стотици се болни, соопшти денес полицијата.

Четири нови смртни случаи со кои бројот на починати е зголемен на девет, предизвикаа паника во Карачи и загриженост дека ситуацијата е вон контрола на градските власти кои не успеале да го идентификуваат ниту изворот на протекување ниту видот на гасот, иако официјални лица ги отфрлаат сомнежите за саботажа.

Стотици лица се заболени од неделата вечер кога крајбрежната населба Камари, прв пат била зафатена со гас без мирис, кој предизвикува сериозни проблеми со дишењето, а луѓето одеднаш почнале да се пријавуваат во локалните болници.

Властите соопштија дека до вторник вечер намеравале да ги евакуираат жителите на Камари кој е најблизу до главното пристаниште во Карачи.

Началникот на локалната полиција Адил Малик изјави дека до понеделник вечер во болниците се пријавиле околу 150 луѓе со исти симптоми, а од наутро кога биле пријавени пет смртни случаи, тој број до вечерта се зголемил на девет.

Од болницата е соопштено дека повеќе од 650 лица примиле помош и сите заболени се жители на Камари. Нема пријавено случаи на труење во самото пристаниште.

Властите на пристаништето во Карачи велат дека немало протекување на гас од нивните објекти.

Карачи е најголемиот град во Пакистан и трговски центар во земјата. Во близина има рафинерија на нафта, а тука е сместен и главниот објект на пакистанската воена морнарица.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе