Поради епидемијата

Паника во Хонг Конг: „Сите грабаат што ќе стигнат, не знам што се случува“ (ФОТО+ВИДЕО)

Низ целиот Хонг Конг граѓаните панично ги купуваа основните намирници, како тоалетна хартија, ориз, месо и нудли.

Граѓаните тоа прават од страв дека напорите на градските власти во борбата против коронавирусот може да доведат до недостиг од залихи, и покрај тоа што властите ги уверуваат дека нема причина за загриженост.

„Сите грабаат што ќе стигнат. Немам поим што се случува“, вели 72-годишната жена, идентификувана со презиме Ли, која држи два пакети тоалетна хартија.

Владата ги осуди „злобните гласини“ за недостиг од продукти, што доведе до панично купување, „дури и хаос“, додека супермаркетите поставуваат ограничувања за количествата набавки на некои производи, како што се антисептиците, пренесува Ројтерс.

Без оглед на тоа, повеќе стотици купувачи вчера ги преплавија супермаркетите во градот, купувајќи различни производи.

Паника има и на Тајван, каде што, според локалните медиуми, се испразнети полиците во супермаркетите поради гласините дека зголеменото производство на маски за лице ќе доведе до недостиг од суровини за производство на тоалетна хартија.

„Тоа е комплетна лага... Суровините за тоалетна хартија и за маските за лице се различни. Ве молиме, не верувајте во гласините“, рече тајванската претседателка Цај Инг-вен на Фејсбук. Бројот на луѓето што досега починаа од коронавирусот во Кина се искачи на 637.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе