Коронавирус

Паничното купување продолжува низ целиот свет (ВИДЕО)

На полиците низ целиот свет снемува тоалетни ролни, хигиенски средства за раце и хируршки маски: од Јапонија преку Франција до Соединетите Држави. Паничното купување пустоши по планетава опфатена со коронавирус, пркосејќи им на постојаните повици за смиреност и за нарушување на синџирите на снабдување, вели Франс прес.

Најголемиот супермаркет во Австралија неделава почна да ја ограничува продажбата на тоалетна хартија, откако морало да биде повикана полицијата во една продавница во Сиднеј, кога бил изваден и нож во тепачка за овој продукт од кој има недостиг.

Во саботата премиерот на Јапонија излезе на Твитер за да го смири стравот од национален недостиг од продукти, додека фотографиите на социјалните мрежи од САД покажуваат празни полици за тоалетна хартија.

Минатиот месец десет илјади луѓе стоеја во редици пред продавница во Хонг Конг што обезбедила испорака на хируршки маски за еднократна употреба, а неколку дена подоцна маските беа изгласани за најпосакуван подарок за Денот на вљубените.

Во Лондон маските сега чинат повеќе од 100 пати од нивната нормална цена на мало, додека француските власти соопштија дека ќе ја преземат контролата над сите резерви и производство на маски за лице.

Центарот за контрола и превенција на болести во САД, пак, соопшти дека не „препорачува употреба на маски за лице“ во борбата против епидемијата. 

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе