Палестинец рани осум Израелци во напад во Стариот град на Ерусалим

Во вооружен напад рано утринава во Стариот град на Ерусалим, ранети се осум Израелци, од кои двајца се во тешка состојба, соопшти израелската болница. Палестинецот Амир Сидави (26) ѝ се предал на израелската полиција, неколку часа откако пукал и ранил осум лица, соопшти полицијата во Ерусалим.

Фото: ЕПА

Сидави, кој живее во источен Ерусалим, пристигнал во полициската станица со такси носејќи го пиштолот од кој пукал и нож, откако со часови се криел за време на голема потера.

Тој ѝ е предаден на безбедносната служба Шин Бет за да се утврди каде се вооружил и дали е поврзан со некоја екстремистичка организација, а таксистот исто така бил испрашуван во полицијата, јавуваат израелските медиуми.

Напаѓачот пукал, како што се испостави, на две места, прво во автобус на паркингот кај Ѕидот на плачот при што ранил двајца мажи.

Возачот на автобусот Данијел Канијевски рекол дека сакал брзо да замине кога слушнал пукање, но во тој момент му помагал на патник во инвалидска количка да влезе во возилото.

Палестинецот потоа побегнал и повторно почнал да пука во близина, при што ранил шест лица, четворица членови на едно семејство на ултраортодоксни Евреи од САД.

Израелската полиција соопшти дека ги испратила своите сили на местото на нападот и дека безбедносните сили влегле и во блиската палестинска населба Силван во потрага по напаѓачот.

Една трудница која се здобила со абдоминални повреди и еден маж кој бил застрелан во главата и вратот се во тешка состојба. Жената била подложена на итно породување, а бебето е во тешка, но стабилна состојба.

Новинската веб-страница „Вала“ објави дека тројца од роднините на осомничениот биле уапсени, вклучувајќи ја и неговата мајка.

„Оние кои ни посакуваат зло нека знаат дека ќе ја платат цената за каква било повреда на цивилите“, изјави израелскиот премиер Јаир Лапид по нападот.

Вооружениот напад се случи помалку од една недела по завршувањето на тридневното насилство меѓу Израел и екстремистите во Појасот Газа.

Израелските авиони на 5 август попладнето почнаа офанзива на Појасот Газа, чија цел беше екстремистичката организација Исламски џихад.

Организацијата истрела стотици ракети како одмазда за воздушните напади во кои загинаа двајца од командантите на организацијата.

Израелските власти соопштија дека офанзивата е одговор на заканите на Исламски џихад дека ќе одговори на апсењето на еден од своите функционери на окупираниот Западен Брег.

Четириесет и девет Палестинци, од кои 17 деца и 14 екстремисти, се убиени, а неколку стотици се ранети во тридневниот конфликт што заврши со прекин на огнот со посредство на Египет.

Нема загинати или тешко ранети Израелци. Еден ден по прекинот на огнот, израелските војници убија тројца палестински екстремисти и ранија десетици во престрелка што изби за време на апсење во градот Наблус на окупираниот Западен Брег.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе