Утврдување на вистината

Палестинците им го предадоа куршумот со кој е убиена новинарката на Ал џезира на американски експерти

Палестинските власти соопштија дека на американски форензички експерти им го дале куршумот со кој е убиена новинарката на Ал џезира Ширин Абу Аклех, преземајќи чекор кон решавање на тензиите со Израел околу истрагата на нејзината смрт.

EPA-EFE

Абу Аклех, репортерка која беше славна низ целиот арапски свет, беше убиена додека известуваше за израелски воен напад на 11 мај во бегалскиот камп Џенина на окупираниот Западен брег.

Палестинците, заедно со нејзините колеги кои биле на лице место, тврдат дека е убиена од израелски оган.

Израелската војска тврди дека новинарката се нашла во вкрстен оган во борба со палестински вооружени напаѓачи и дека е невозможно да се утврди која страна ја убила без анализа на куршумот.

Палестинците им го предадоа куршумот на САД, кажувајќи дека не му веруваат на Израел. Палестинскиот јавен обвините Акрам ал Кхатиб кажа дека куршумот им е даден на американски експерти за „техничка анализа“.

Ал Кхатиб кажа дека Палестинците го поздравуваат учеството на кое било меѓународно тело во утврдувањето на вистината.

Нема информации што би можеле да откријат американските експерти без проучување на израелското оружје од кое најверојатно е испукан куршумот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе