Палестина ја предупреди Србија

Палестина предупреди дека Палестинската управа ќе ги прекине дипломатските односи со секоја земја која ќе ја премести или отвори амбасада во Ерусалим.

EPA-EFE

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саеб Ерекат кој беше главниот мировен преговарач со Израел го објави тоа на Твитер.

„Апелираме до сите држави да го почитуваат меѓународното право, вклучувајќи ги резолуциите на ОН 478 и 2334. Кршењето на меѓународното право е знак на слабост, не на сила“, напиша тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, а дека Косово и Израел се договориле да воспостават дипломатски односи.

Во друг твит на арапски јазик Ерекат ги критикуваше арапските и муслиманските земји што не извршиле притисок врз Трамповата администрација поради тоа и наведе дека Трамп ја наговара африканската земја Малави исто така да ја премести амбасадата во Ерусалим.

САД својата амбасада ја преместија во Ерусалим во мај 2018, откако Трамп во декември минатата година го призна Ерусалим како главен град на Израел.

Повеќето земји во светот одбиваат да го направат тоа. Само САД и Гватемала имаат амбасади во Ерусалим.

Израел го освои источен Ерусалим во војната во 1967 година, кога беа освоени Западниот брег и појасот Газа.

Палестинците сакаат на тие територии да формираат своја независна држава.

Арапските медиуми објавија дека Ерекат се договара со неколку арапски земји да се спречи понатамошна нормализација на односните со Израел по неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу еврејската држава Обединетите Арапски Емирати.

Ерекат истакна дека арапските би требало да се придржуваат до Арапската мировна иницијатива од 2002 со која се предвидува нормализација на односите со Израел само ако се повлече од сите арапски територии.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе