Паѓа популарноста на Џо Бајден

Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден опадна по серијата предизвици во последните недели дома и во странство, покажува анкетата спроведена од Асошиејтед прес и Центарот за истражување на јавното мислење.

Фото: ЕПА

Педесет проценти од анкетираните Американци сега позитивно ја оценуваат работата на Бајден, додека 49 проценти не се задоволни од претседателот. Во август неговата работа ја одобруваа 54 проценти, а во јули 59 проценти, пренесува Гласот на Америка.

Резултатите од анкетата се објавени во време кога Американците ја посматраат избрзаната и смртоносна евакуација од Авганистан, однесувањето на агентите на граничната патрола кон бегалците од Хаити, заканата од коронавирусот и неговиот делта-сој, како и драмата во Конгресот, каде што Бајден се обидува да усвои економски, инфраструктурни и даночни политики.

Од јули рејтингот на Бајден кај демократите благо падна од 92 на 85 проценти, а кај независните гласачи, кои не се приклонуваат ниту кон демократите ниту кон републиканците, се намалува од 62 на 38 проценти. Само 11 проценти од републиканците ја одобруваат работата на претседателот, што е слично на расположението од јули.

Популарноста на Бајден донекаде е опадната кај белите Американци од 49 на 42 проценти, како и кај американските црнци од 86 на 64 проценти.

Само 34 проценти од Американците велат дека земјата оди во вистинската насока, додека во првите месеци од претседателствувањето на Бајден секој втор испитаник мислеше така. Сега, 47 проценти од Американците го одобруваат начинот на кој Бајден ја води економијата, што е намалување во споредба со 60 проценти од испитаниците од март.

Пакетот финансиска помош на Бајден за Американците погодени од пандемијата првично предизвика чувство на оптимизам, но тоа е намалено бидејќи работодавците не можеа да најдат доволно работници, инфлацијата е повисока од очекуваното, а поради проблемите во синџирот на снабдување е отежнато купувањето автомобили, апарати за домаќинство и друга стока.

Бајденовите постапки во борбата против коронавирусот ги поддржуваат 57 проценти од Американците, што е помалку отколку во јули, кога ги поддржуваа 66 проценти, но сепак се најсилната точка на Бајден во анкетата. Речиси девет од 10 анкетирани демократи ги одобруваат одлуките на претседателот во борбата против вирусот, наспроти само два од 10 републиканци.

Бајден има проблеми во неколку области во областа на надворешната политика. Неговиот севкупен начин на водење на надворешната политика го поддржуваат 43 проценти од испитаниците, а само 34 проценти ги поддржуваат неговите одлуки во врска со ситуацијата во Авганистан.

Анкетата беше спроведена по затегнувањето на односите со Франција поради договорот за подморници со Австралија, но покажа дека 50 проценти од испитаниците го одобруваат пристапот на Бајден кон односите со сојузниците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе