Падна Ескобар на овој век: во Колумбија уапсен најбараниот нарко-бос (ВИДЕО)

Колумбиските оружени сили го уапсиле главниот нарко-бос во таа земја, Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, соопшти претседателот Иван Дуке.

EPA-EFE

50-годишниот Отониел бил фатен за време на операцијата Озирис во руралниот дел на регионот Ураба.

Обвинет е дека во Соединетите Американски Држави испратил десетици пратки кокаин, а како што наведе Дуке, обвинет е и за убиство на полицаец, сексуално малтретирање деца и врбување малолетници.

Колумбија нудеше награда од 800.000 долари за информации за Отониел, додека американската влада понуди пет милиони долари за информација која би помогнала во неговото апсење.

„Ова е најголемиот удар за нарко дилерите во нашата земја во овој век“, порача претседателот Дуке, споредувајќи го со падот на Пабло Ескобар во 90-тите години од минатиот век.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе