Со авион допатувал преку Ријад

Ослободен хрватскиот државјанин заробен во Украина

Хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег кого руските сили во април го заробија во Украина, е ослободен и набрзо ќе биде во Хрватска, соопшти министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

Скриншот Јутјуб

„Владата на Република Хрватска, заедно со Службата за надворешни работи, од првиот ден посветено работеше и соработуваше со украинските тела за ослободување на Пребег, а тоа беше и тема на разговорите на премиерот Андреј Пленковиќ со украинскиот државен врв за време на неговата посета на Украина во мај“, соопшти хрватското министерство.

Официјален Загреб им се заблагодари на Саудиска Арабија и престолонаследникот Мохамед бин Салман на залагањето, како и на украинската страна на, како што се додава во соопштението, соработката и помошта во решавањето на тој случај.

Пребег бил кај Мариупол и обвинет дека, како украински платеник, учествувал во уривањето на руските власти, и му се закануваше смртна казна.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе