Организацијата на Трамп прогласена за виновна за затајување данок

Компанијата на Доналд Трамп денеска беше осудена за даночна измама во случајот што го покрена окружниот обвинител на Менхетн.

Фото: ЕПА

Организацијата на Трамп е обвинета дека е соучесник во шемата на највисоките директори за избегнување плаќање персонален данок на доход за работните поволности, како што се станови без кирија и луксузни автомобили.

Њујоршките обвинители три години го истражуваа поранешниот претседател и неговите бизниси, иако казните не се очекува да бидат доволно строги за да ја загрозат иднината на компанијата на Трамп.
 
Организацијата може да биде казнета со до 1,6 милиони долари - релативно мала сума за компанија со нејзината големина, иако пресудата може да искомплицира некои од нејзините идни зделки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе