Орбан за ЕУ парламентарецот кој беше на оргија со мажи во Брисел: Неговиот чин е неприфатлив

Унгарскиот политичар Јозеф Сајер ја напушти владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан откако се обиде да избега од геј забава во Брисел за време на карантин.

EPA-EFE

Орбан за весникот Маѓар немзет кажа дека постапката на Сајер „не може да се оправда“ и дека се коси со вредностите на Фидес која се претставува како заштитник на традиционалните христијански и семејни вредности.

Сајер е еден од основачите на Фидес и беше соработник на Орбан повеќе од 30 години.

Тој беше водечка сила на Фидес во Европскиот парламент и имаше клучна улога во измената на унгарскиот устав по победата на Орбан на изборите во 2010.

„Постапките на нашиот колега Јозеф Сајер се неспоиви со вредностите на нашето политичко семејство“, кажа Орбан за Маѓар немзет.

„Нема да ги заборавиме ниту да ги отфрлиме неговите 30 години работа, но неговиот чин е неприфатлив и не може да се оправда. Ја донесе единствената можна примерна одлука кога се извини, поднесе оставка на местото европратеник и ја напушти Фидес“, додаде Орбан.

Сајер во неделата поднесе оставка на местото пратеник во Европскиот парламент, а денес во соопштение се извини на семејството, колегите и гласачите и порача дека жали што ги прекршил белгиските мерки против корнавирусот.

Дваесеттина луѓе, вклучувајќи го Сајер и засега непознати дипломати, се парично казнети поради тоа што во петокот вечерта биле на приватна забава на која имало секс, дрога и алкохол. Полицијата кај Сајер нашла дрога.

Политичките аналитичари сметаат дека инцидентот би можел да му наштети на Орбан чија конзервативна влада се залага за христијанските и семејните вредности и ја јакне својата реторика против ЛГБТ заедницата.

Инцидентот се случи во чувствителен момент за Орбан кој е во конфликт со Брисел поради условувањето на европските средства со почитувањето на владеењето на правото.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе