ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР

Орбан: Во Вашингтон досега ме третираа како црна овца, Трамп: И мене

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го поканил во Вашингтон.

„Имав телефонски разговор со Трамп и можам да кажам дека нашата позиција доста се подобри. Трамп јасно ми стави на знаење дека многу ја цени Унгарија“, рече Орбан за еден унгарски портал, пренесе Франс прес.

Тој рече дека Трамп го викнал во Вашингтон.

„Му реков дека таму не сум бил долго време, зашто ме третираа како црна овца, на што Доналд Трамп низ смеење одговори: 'И мене'“, рече Орбан.

Орбан беше првиот лидер на ЕУ што го поддржа Трамп во јули, фалејќи ја неговата политика за миграција и безбедност.

Како што пренесе Франс прес, откако Орбан стана премиер во 2010 година, Вашингтон често го обвинуваше дека не се придржува до демократските норми во управувањето на Унгарија, па се очекува односите меѓу двете земји да се подобрат со доаѓањето на Трамп.

„Трамп е многу позаинтересиран за успехот, ефикасноста и резултатите отколку за политичката теорија. Тоа е добро за нас. Економската соработка отсекогаш беше добра, само различните идеологии претставуваа своевидна пречка. Почувствував дека Трамп знае дека Унгарците се храбри и ја сакаат слободата“, рече Орбан.

Орбан беше еден од првите што му честитаа на Трамп по победата на претседателските избори во САД.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе