Унгарија

Орбан се здоби со нови, огромни овластувања

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денес си обезбеди вонредни овластувања со неограничено времетраење бидејќи парламентот, со повеќето пратеници од неговата партија го прифатија т.н. корона закон, критикуван од страна на опозицијата и групите за човекови права.

Орбан во деценијата на власт постојано ги зголемувал своите овластувања, а со најновиот закон парламентот го потврди продолжувањето на вонредната состојба без јасно наведено траење што ќе му овозможи на премиерот во време на епидемијата да владее со извршни уредби, пренесува Ројтерс.

Законот изгласан со 137 гласови „за“ и 53 „против“, предвидува казна затвор до пет години за ширење „лажни вести“ за вирусот или владините мерки, а мета на ваквите обвинувања редовно се, денес веќе ретките, независни медиуми во Унгарија, пренесува Франс прес.

Оправдувајќи се со епидемијата на коронавирусот, националната конзервативна влада со донесениот закон си ја зацементира контролата над земјата, велат критичарите во Унгарија и во странство.

Законот е претеран одговор на кризата, велат од опозицијата, а некои опозициски пратеници го нарекоа „државен удар“, или „пат до диктатура“.

Независниот пратеник Акос Хадхази го нарече законот „стапица за опозицијата“ која владата ја обвинува дека „стои на страната на вирусот“.

Девет организации за медиумски слободи ги повикаа водачите на ЕУ да го осудат законот „кој ги гуши основните права и медиумски слободи“.

„Неограничената и неконтролирана вонредна состојба не може да гарантира почитување на основните принципи на демократијата“, реагираше Советот на Европа, најстарата и водечка европска организација за човекови права, која предупредува дека законот нема временски рок.

Но, владиниот портпарол Золтан Ковач тврди дека законот сепак е временски ограничен бидејќи парламентот може да го отповика како и впрочем самата пандемија, бидејќи самата пандемија „еден ден, се надеваме ќе заврши“.

Сите овие критики се борат „против измислени непријатели и немаат никаква врска со реалноста“, тврди министерката за правда, Јудит Варга.

На самиот почеток на епидемијата премиерот Орбан ја обвини имигрантската пропаганда за ширење на вирусот тврдејќи дека „претежно странци ја донеле болеста“.

Унгарија ги затвори границите за влез на странци и воведе мерки за ограничување на движењето. Земјата со 9,7 милиони луѓе во понеделникот имала 447 заразени лица, од кои 15 смртни случаи.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе