Орбан се вакцинираше со кинеската вакцина (ФОТО+ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се вакцинирал со вакцината против коронавирусот која ја разви кинески Синофарм, објави денес политичарот на својата официјална Фејсбук страница во момент кога Унгарија се обидува да ја забрза својата програма за вакцинирање на граѓаните.

EPA-EFE

Унгарија во средата стана првата членка на Европската Унија која почна да ги вакцинира своите граѓани со вакцината на кинески Синофарм откако во програмата за вакцинирање ја вклучи и руската Спутник V, иако европскиот блок не одобри ниедна од тие вакцини.

„Вакциниран сум“, напиша Орбан, објавувајќи фотографии на кои се гледа како лекар му ја вбризгува вакцината и му ја покажува кутијата во која се наоѓала дозата.

COVID 2/110. Oltva vagyok // Vaccinated ✅

Posted by Orbán Viktor on Sunday, February 28, 2021

Во петокот Орбан најави можно заострување на рестриктивните мерки имајќи предвид дека дневниот број нови случаи на зараза со вирусот порасна до највисоко ниво во оваа година и се очекува унгарските болници во следните две недели да се соочат со големи предизвици.

Стотици луѓе излегоа денес на плоштадите во главниот град Будимпешта протестирајќи против заострените мерки на карантин.

Руската и кинеската вакцина на унгарските граѓани им се даваат со вакцините на Бајонтек/Фајзер, Модерна и Астра Зенека.

Унгарскиот премиер кажа дека сите 2,5 до 2,6 милиони Унгарци кои досега се пријавиле за вакцинирањето против ковид-19 ќе добијат барем уште една доза до почетокот на април.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE