„Бадијала им се заткулисните игри, сепак срцето победува. Тоа е победа на унгарското срце“, рече Орбан алудирајќи на обединетата опозиција.
„Морам секако да истакнам дека големите меѓународни организации беа против нас. Можеме само да им кажеме: секој денар што ѝ го дадовте на унгарската левица беа пари фрлени низ прозорец. Победата ќе се памети цел живот затоа што сега моравме да ги победиме најобединетите непријатели, левицата во земјата и левицата во странство, медиумите во странство, парите на Сорос, па дури и украинскиот претседател. Никогаш не сме имале толку многу непријатели. Но ги нема тие пари што можат да нѐ сопрат ако сме сложни! Ако сме заедно, ќе го поминеме најголемиот ѕид.“
„Пред да нѐ убие божјиот студ, сакам да ви кажам, ја браневме слободата и независноста на Унгарија, нашите деца и нашите семејства... Драги пријатели, не заборавајте, и ние имаме пријатели во светот, кои направија сè и ни помогнаа во изминатите месеци. Оваа победа сакаме да им ја посветиме и ним. Победија демохристијанската политика и патриотизмот. Тоа не е минато, да ѝ кажеме на Европа, тоа е иднината“, рече Орбан.
„Унгарија секогаш ќе биде прва за нас! Господ над нас, Унгарија пред сѐ, напред Унгарци!“, порача вечерва унгарскиот премиер.