„Брисел не ни е шеф“

Орбан: Не сум расист туку антиемиграциски политичар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со австрискиот канцелар Карл Нехамер во Виена. Нехамер на нивната заедничка прес-конференција истакна дека длабокото пријателство на Австрија и Унгарија овозможува отворено и рамноправно да разговараат и за прашањата околу кои не се согласуваат.

EPA-EFE

Едно од нив е, како што кажа, прашањето на нуклеарната енергија, а второто е говорот на унгарскиот премиер во Романија. Орбан тогаш зборуваше за „мешањето на расите“ во Европа. Австрискиот канцелар истакна дека ги отфрла сите облици на расизам и секоја негова релативизација. Додаде дека Австрија има специјална одговорност во тој поглед.

Ја истакна и важноста на соработката во борбата против нелегалната миграција и го прифати предлогот на Орбан за одржување српско-унгарско-австриска конференција. Во текот на изминатите денови австриските медиуми и политичари извршија огромен притисок врз Нехамер за да ги осуди изјавите на Орбан.

Орбан кажа дека целосно се согласува со Нехамер околу расизмот, потсетувајќи на достигнувањата на Унгарија и владината политика за нулта толеранција кон расизмот.

„Можам понекогаш да изнесам двосмислени забелешки, но мојата изјава за мешање на раси не се однесуваше на биолошкиот аспект. Тоа треба да се сфати само во културен и цивилизациски контекст. Мојот став е јасен – јас сум антиемиграциски политичар кој не сака неговата татковина да стане земја на доселеници“, кажа унгарскиот премиер.

Истакна дека во интерес на Австрија е Унгарија да ја заштити својата јужна граница. Орбан смета дека Европската Унија мора да ја смени својата пропадната политика во врска со војната во Украина.

„Без мир не можат да се решат никакви проблеми и ЕУ ќе биде вовлечена во воена економија среде политичката нестабилност“, порача Орбан.

Одговарајќи на новинарско прашање за војната и санкциите, Орбан кажа дека државите членки не се тие кои го следат европското единство, туку тие самите го создаваат.

„Ние сме Европа. ЕУ не е во Брисел, туку во Виена, Будимпешта, Варшава, Берлин и Мадрид. Брисел не е наш шеф. Унгарија досега успеа да постигне договор за сите прашања на санкциите, но наидовме на ѕид, а тој ѕид се вика ембарго на гасот“, кажа унгарскиот премиер.

Нехамер истакна дека ни Австрија не го поддржува тој предлог.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе