Орбан: Нациите во кои се мешаат раси не се нации

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот познат став дека државите во кои се „мешаат“ европски и неевропски „повеќе не се нации“, пренесуваат агенциите.

EPA-EFE

Неговиот говор во Романија предизвика огорчување на опозициските партии и европските политичари.

„Ние Унгарците не сме мешана раса... и не сакаме да станеме мешана раса“, кажа Орбан во саботата. Тој додаде дека земјите во кои се мешаат Европејците со неевропејци „повеќе не се нации“.

Орбан со години изнесува слични тврдења, а најновите коментари се најостри досега кога станува збор за политичарот од крајната десница.

Каталин Чех, европратеничка од опозициската партија Моментум, кажа дека е згрозена од говорот на премиерот. „Неговите изјави потсетуваат на време кое мислам дека сите би сакале да го заборавиме. Тие навистина ги покажуваат вистинските бои на режимот“, кажа таа.

На Твитер, Чех им се обрати на луѓето од мешани раси во Унгарија: „Бојата на вашата кожа може да биде поинаква, можеби доаѓате од Европа или пошироко, но вие сте еден од нас, и ние сме горди на вас. Разновидноста ја јакне нацијата, не ја слабее“.

Романскиот пратеник Алин Митуша исто така гневно одговори на коментарите на Орбан. „Да се зборува за расна или етничка „чистота“, особено во така мешан регион како централна и источна Европа, е лажливо и опасно. Како и господинот Орбан“, напиша тој на Твитер.

Оваа година Орбан одржа, како што се оценува, апокалиптичен говор предвидувајќи пропаст на Западот и навестувајќи „деценија на опасност, неизвесност и војна“. Тој ја критикуваше западната воена поддршка на Украина, позиционирајќи се како главен сојузник на Москва во Европската Унија.

„Колку помодерно оружје НАТО им дава на Украинците, Русите повеќе ќе ја туркаат линијата на фронтот напред. Она што го правиме е продолжување на војната“, кажа Орбан во говорот во саботата.

Унгарија е членка на НАТО, но нејзиниот десничарски премиер веќе долго време има блиски односи со рускиот претседател Путин и мина пет час во Москва разговарајќи со рускиот лидер во февруари, непосредно пред руската инвазија.

Најновиот говор следи два дена откако неговиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ненадејно замина во Москва на разговори. Сето тоа ја турка оваа земја надвор од европскиот консензус за војната.

Орбан кажа дека работата на Западот не би требало да биде да се надева на украинска победа, туку да посредува во мировен договор.

„Не треба да бидеме на страната на Русија или на Украина, туку меѓу нив две“, кажа тој и додаде дека политиката на воведување санкции на Русија не функционира.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе