Орбан: Европската унија греши кога и се заканува на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и порача на Европската унија дека применува „погрешна" стратегија кон неговата влада, заканувајќи ѝ се со санкции поради прекршување на човековата слобода.

Европскиот парламент во средата побара против Унгарија да се поведе кривична постапка, што би било за прв пат во ЕУ, оценувајќи дека ситуацијата во таа земја претставува „јасен ризик за сериозно кршење“ на основните вредности на Унијата.

Резолуцијата, одобрена од речиси третина конзервативни застапници на Европската народна партија (ЕПП), чиј член е партијата Фидес на Орбан „покажува дека целата европска политика е загадена“, рече Орбан за државното радио.

„Европа не е Брисел, тоа се држави, нации... и ако институциите и оние што ги водат не ги почитуваат, тоа е обесхрабрувачки ... Тие зависат од нас, а не обратно, целиот тој пристап е погрешен, резолуцијата на Европскиот парламент е знак на погрешна политика“, рече тој.

ЕК против Будимпешта

Европската комисија, исто така, го повиши гласот кон Будимпешта кон крајот на април отварајќи постапка поради повреда на правдата поради унгарскиот закон за странските универзитети.

ЕУ се заканува дека во јуни ќе покрене постапка против Унгарија и Полска поради повреда на правдата, доколку се уште не сакаат да прифатат мигранти од Италија и Грција, како што е предвидено со планот од 2015 година.

Тоа прашање за миграцијата „е едно од вистинските причини за сегашните напади врз нас“, рече Орбан, обвинувајќи една „интересна група“, што сака „секоја година да донесе стотици илјади, па дури и милион и пол странци во ЕУ“.

„Соросово масло“

Орбан, кој отворено се противи на приемот на мигранти, кои според него го загрозуваат европскиот идентитет, повторно го обвини милијардерот Џорџ Сорос, Американецот од унгарско потекло, дека ја „измислил, делумно ја финансирал и организирал“ промигрантската политика во Европа.

Орбан го прогласи Сорос за „државен непријател“, поради неговите либерални вредности кои ги промовира преку своите организации во Европа.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе