Орбан: Брисел не придонесува во контролата на границите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во време кога Унгарија работи на заштита на цела Европа, Брисел не придонесува во напорите за сузбивање на илегалната миграција.

Фото: ЕПА

„Навистина, тоа е напад врз Унгарија“, изјави Орбан за унгарското радио „Кошут“, пренесува унгарската агенција МТИ.

Унгарскиот премиер изјави дека само минатата година биле уапсени 122.000 лица што илегално влегле во земјата, наспроти 45.000 една година порано, што според него покажува дека бројот на нелегалните влегувања во земјата се зголемува.

„Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Напротив, тој ќе биде со нас во следните неколку години“, предупреди Орбан.

Тој додаде дека мора да се зајакне граничната контрола и да се ангажираат нови сили.

„Потребни ни се што повеќе војници само за гранична контрола“, рече унгарскиот премиер.

Тој нагласи дека Унгарците се „задолжени да ја чуваат тврдината“, заштитувајќи ги границите на цела Европа, „но Брисел не помага во овие напори, туку напротив ни пука во грб“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе