Орбан: Брисел не е наш шеф

Брисел не ѝ е шеф на Унгарија и не ги диктира европските прашања, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук.

EPA-EFE

Тој напиша дека Европската Унија „не е во Брисел, туку е во Виена, во Будимпешта и Варшава, Берлин и Мадрид“.

„Брисел не е наш шеф. Ние сме независна, суверена унгарска нација. Заедно носиме одлуки. Доколку не се добри за нас, ние тоа ќе им го кажеме, а ако можеме да ги спречиме, нема да биде донесена заедничка одлука“, истакна Орбан.

Орбан во последните неколку недели е во насловите на меѓународните вести, поради коментарите во кои ја критикува политиката на Западот.

Премиерот на Унгарија ја критикуваше поддршката на НАТО на Киев за време на средбата со австрискиот премиер Карл Нехамер во четвртокот, 28 јули.

„Проценка на Унгарија е дека со концептот по кој НАТО ја поддржува Украина со испраќање оружје и офицери за обука, а Украинците се борат против Русите, се гради нешто за што досега не се покажа дека резултира со украинска победа“, кажа Орбан во Виена.

Тој беше воздржан меѓу европските лидери во вклучувањето на бриселската кампања за остри санкции против Русија, особено за целосно ембарго на рускиот природен гас.

Во изјавите во кои го критикува НАТО, Орбан се осврна на фактот дека санкциите против Москва предизвикуваат сериозни економски проблеми на ЕУ.

Орбан истакнува дека треба да се најде мирно решение за Украина, бидејќи во спротивно ќе се предизвика економска рецесија во ЕУ, проследена со политичка нестабилност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе