Претставени новите мерки

Опасна пресвртница во Британија: можно ангажирање на војската, граѓаните да работат од дома

Британија стигна на опасна пресвртница во борбата против коронавирусот, предупреди синоќа во парламентот британскиот премиер Борис Џонсон.

EPA-EFE

Тој ги претстави новите мерки кои во таа земја би можеле да останат на сила шест месеци и најави и можно ангажирање на војската во поддршка на спроведувањето и контролирањето на мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.

Тој ги повика граѓаните, ако се во можност, да работат од дома, а веќе од четврток баровите и рестораните ќе мора да затвораат во 22 часот и гостите да ги служат само на маси.

Според новите правила, перосналот во продавниците ќе мора да носи маски, во спротивно е предвидена казна до 200 фунти.

Од понеделник, 28 септември, бројот на присутните на свадбите ќе биде ограничен на 15, додека на погребите ќе може да има најмногу 30 луѓе.

Спортовите во затворено ќе може да се практикуваат само во групи од најмногу шест лица, а одложено е на неодредено и враќањето на гледачите на спортските настани.

Според премиерот, училиштата, факултети и продавниците ќе останат отворени, пренесува Би-би-си.

Џонсон, зборувајќи во Долниот дом на Парламентот истакна дека новите правила се „грижливо проценети“ за максимално да се намали репродукцискиот број со кој се мери брзината на ширењето на вирусот, а истовремено да се нанесе минимална штета на секојдневниот живот на граѓаните.

Наведе дека никако нема да има враќање на целосниот карантин од март, ниту општите инструкции за останување дома.

Џонсон предупреди дека ќе бидат воведени и „значително поостри рестрикции“ ако биде неопходно.

Најави дека владата на полицијата и на локалните власти ќе им обезбеди дополнителни средства за да ги спроведат мерките, а дека постои можност поддршка да даде и војската.

„Го задржуваме правото да распоредиме значително поголема сила со порестриктивни мерки“, им кажа Џонсон на пратениците.

Според него, „слични чекори“ во сузбивањето на ширењето на вирусот ќе бидат преземени во цела Британија, откако за тоа разговарал со лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Новите мерки се воведуваат еден ден откако здравствените експерти предупредија дека Британија ќе се соочи со експоненцијално растечка стапка на смртност во рок од неколку недели, ако не се преземат итни мерки.

Предвидувањата се, ако тоа се случи, дека во Британија до ноември дневно ќе има 50.000 новозаболени и 200 починати.

Британија бележи повеќе од 6.000 заболени дневно, а бројот на приеми во болниците се удвојува на секои осум дена.

Досега во таа држава починаа најмногу лица во Европа, 41.788, додека 398.625 се заболени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе