Анкета

Опаѓа интересот на Русите за вакцинирање со Спутник V

Во Русија расте бројот на лица кои не сакаат да се вакцинираат со вакцината против ковид-19 Спутник V, покажува анкетата која ја објави рускиот независен центар Левада.

EPA-EFE

Додека во август 2020 желба да се вакцинираат изразиле 38 отсто од анкетираните, во февруари годинава ги има 30 отсто. Од друга страна, бројот на противници на вакцинирањето со Спутник V од август до февруари пораснал од нешто помалку од 55 отсто на 62 отсто.

Центарот Левада соопшти дека главните причини поради кои анкетираните не сакаат да се вакцинираат се стравот од нуспојави (37 отсто), неопходноста од спроведувањето до крај на истражувањето на вакцината (23 отсто) и генерално отсуство на смислата на вакцинирањето (16 отсто).

Анкетата покажала дека се вакцинирале четири отсто од граѓаните, а дека 38 отсто се спремни да се вакцинираат со Спутник V.

Истата анкета покажала дека 64 отсто од Русите сметаат дека коронавирусот е вештачки создаден како еден вид биолошко оружје, а само 23 отсто сметаат дека е од природно потекло.

Анкетата е спроведена од 18 до 24 февруари годинава на репрезентативен примерок, а статистичката грешка е помала од 3,4 отсто, соопшти центарот Левада.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе