ООН вели дека пандемијата не ги ублажила многу климатските промени

Нивото на атмосферски јаглерод диоксид продолжил да се зголемува оваа година, и покрај очекуваниот пад по затворањата поради ковид-19, соопшти во понеделникот Светската метеоролошка организација (СМО).

Фото: ЕПА

Многу научници оваа година очекуваа најголем годишен пад на емисиите на јаглерод во поновата историја, бидејќи поради мерките за контрола на коронавирусот авионите беа приземјени, бродовите вкотвени, а патниците дома.

Сепак, СМО го опиша предвидениот пад за 2020 година како „ситно отстапување“ и рече дека резултирачкото влијание врз концентрацијата на јаглерод диоксид што придонесува за глобалното затоплување нема да биде поголемо од вообичаените годишни флуктуации.

„...На краток рок, влијанието на затворањето како резултат на ковид-19 не може да се разликува од природната варијабилност“, се наведува во Билтенот на СМО за емисиите на стакленички гасови.

Годишниот извештај објавен од агенцијата на ООН со седиште во Женева ја мери атмосферската концентрација на гасови - јаглерод диоксид, метан и азотен оксид - кои ја загреваат нашата планета и предизвикуваат екстремни временски услови.

Нивото на јаглерод диоксид, производ на согорувањето фосилни горива што најмногу придонесува за глобалното затоплување, во 2019 година достигна нов рекорд од 410,5 делови на милион.

Годишниот раст е повисок од претходната година и го надминува просекот во минатата деценија.

„Таква стапка на раст сè уште не е видена во историјата на нашите мерења“, рече генералниот секретар на СМО, професорот Петери Таалас, осврнувајќи се на порастот од 2015 година и повикувајќи се на „одржливо порамнување на кривата (на емисии)“.

Глобалните податоци сè уште не се достапни за 2020 година, соопшти СМО.

Како и другите научни организации, СМО соопшти дека очекува глобалните емисии на јаглерод годинава да паднат поради мерките против ковид-19, коишто прелиминарно се проценуваа на 4,2-7,5 проценти.

Таквиот пад не би довел до пад на атмосферскиот јаглерод диоксид, туку привремено би ја забавил стапката на раст на скалилото што спаѓа во нормалните варијации, се вели.

И покрај сѐ што правиме денес за да ги ограничиме емисиите, голем дел од јаглерод диоксидот емитуван пред неколку децении остана во атмосферата и придонесува за глобалното затоплување, рекоа климатските научници.

За време на периодот помеѓу 2018 и 2019 година, концентрациите на метан, кој повеќе ја „заробува“ топлината, се зголемија нешто пониско од претходниот период, но сепак над просекот во последните 10 години.

Нивоата на азотен оксид, кој ја нагризува озонската обвивка и ги изложува луѓето на штетни ултравиолетови зраци, исто така се зголемиле во 2019 година, но со побавно темпо од претходните години и во споредба со просечниот раст во изминатата деценија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе