ОН: Во светот годишно се фрлаат милијарда тони храна

Во светот секоја година се фрлаат околу милијарда тони храна, односно речиси 20 отсто од намирниците достапни на жителите на светот, според извештајот кој го објавија Обединетите нации.

EPA-EFE

„Проблемот е огромен од аспект на животната средина, но и од општествен и од економски“, вели Ричард Свонел, директор за развој на британското невладино здружение ВРАП, коавтор на „Извештајот за индексот на фрлање храна“, кој го објавува Програмата на Обединетите нации за животната средина (УНЕП).

„Овој извештај е најопсежното собирање и анализирање на податоци за фрлањето храна до денес“, истакнуваат авторите. Податоците за 2019 година се собрани во 54 богати и земји во развој во врска со малопродажбата, рестораните и домаќинствата.

Заклучиле дека годишно се фрлаат 931 милион тони храна, во што не се вклучени коските, школките и деловите што не се јадат.

И тоа спротивно на општото уверување храната се фрла во речиси сите земји, и во богатите и во сиромашните, додека според податоците на ОН околу 700 милиони луѓе низ светот се гладни, а 3 милијарди немаат пристап до здрава храна, од светското население од 7,8 милијарди.

„До сега се веруваше дека храната се фрла во богатите земја“, кажа коавторката Клементин О’Конор во УНЕП, за Франс прес. „Но нашиот извештај покажува дека во секоја земја која ја следевме постои проблем со фрлањето храна во домаќинсктвата.

Од 121 килограм храна кои секоја година се фрлаат по жител на Земјата, 74 килограми или многу повеќе од половина се фрлаат во домаќинствата.

Во процентот храна кој им е на располагање на потрошувачите, 11 отсто се фрлаат во домаќинствата, 5 отсто во рестораните и 2 отсто во малопродажбата.

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) состави извештај за „загубите“ на храна на ниво на земјоделското производство и дистрибуцијата.

Според тие податоци, околу 14 отсто од намирниците во светот се изгубени и пред да стигнат до пазарите, вредни околу 400 милијарди долари годишно, речиси колку БДП на Австралија.

„Да се отпадот и губењето на храната земја, би биле третиот светски произведувач на штетни гасови“, предупреди Ричард Свонел. „Системот за исхрана мора да се поправи ако сакаме да се бориме против климатските промени, а еден од приоритетите е справувањето со отпадот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе