Ова претставува повеќе од 4 проценти од луѓето на планетата, или приближно населението на Соединетите Држави. „Хуманитарните потреби се шокантно високи бидејќи овогодинешните екстремни настани се прелеваат во 2023 година“, рече координаторот за вонредни состојби на ОН, Мартин Грифитс, наведувајќи ги војната во Украина и сушата во Рогот на Африка.
Донаторско финансирање под притисок
„За луѓето на работ, овој апел значи спас“. Повеќе од 100 милиони луѓе се протерани од своите домови, додека конфликтите и климатските промени ја поттикнуваат кризата со раселувањето. Во меѓувреме, деветмесечната војна меѓу Русија и Украина го наруши извозот на храна и околу 45 милиони луѓе во 37 земји во моментов се соочуваат со глад, се вели во извештајот.
Годинешниов апел претставува зголемување од 25 проценти во однос на лани. Но донаторското финансирање веќе е под притисок од повеќекратните кризи. Обединетите нации се соочуваат со најголем недостиг од финансиски средства досега, а нивните апели беа финансирани само околу 53 проценти во 2022 година, покажаа податоците до средината на ноември.
„Поради тоа, хуманитарните организации се принудени да одлучуваат кому ќе ги насочат расположливите средства“, се вели во соопштението на ОН.