Огромни поплави ја погодија јужна Кина, земјоделците очајуваат: „Загубивме сè“ (ВИДЕО)

Силни поплави погодија огромни области во јужна Кина, што ќе има катастрофални последици за земјоделството.

19-годишниот Бао и неговиот татко поседуваат повеќе од 36 хектари оризови полиња во село во близина на езерото Појанг.

„Земјоделците комплетно пропаднаа“, рече Бао за Си-ен-ен, додавајќи дека неговото семејство веќе изгубило околу 200.000 јуани (28.000 американски долари) од вредноста на производот.

„Пред поплавата, оризот беше скоро зрел и подготвен за жетва, а сега сè е уништено“, додаде тој.

Поплавните води во јули се прелеаја преку брегот на езерото Појанг во провинцијата Џиангси, уништувајќи илјадници хектари обработливо земјиште. На поширокиот слив на реката Јангце, кој го опфаќа и езерото Појанг, се произведуваат околу 70% од вкупниот ориз на Кина.

За земјоделците како Бао и неговиот татко, последиците од поплавата се погубни. Не само што дождовите ги уништија земјоделските култури, туку и поради високото ниво на водата е невозможно оваа година да се засадат и други култури.

„Земјата сè уште е поплавена. Тоа значи дека нема да имаме жетви цела година“, рече Бао.

Поплавите на подрачјето на езерото Појанг се најлошите што Кина ги доживеала со години. Кинеското Министерство за справување со вонредни состојби процени дека директната економска штета од катастрофата е околу 21 милијарда долари.

Втората најголема светска економија веќе ослабе како резултат на пандемијата на коронавирусот. Пекинг досега успеа да обезбеди снабдување храна со увоз на огромни количества производи од други земји, но експертите предупредуваат дека ваквите мерки можат да помогнат само до одреден степен.

Поплавите во Кина наскоро би можеле и да се влошат. Месецов се очекуваат обилни дождови, а кинеските власти предупредуваат дека поплавите би можеле да го погодат и северниот дел од земјата, заканувајќи ѝ се на жетвата на пченицата и пченката.

„Оваа поплава е една од најлошите од 1998 година“, рекоа експертите минатиот месец.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе