Огромна дупка на патот „проголтала“ автобус во Кина, 6 мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени откако среде улица во Кина се отворила огромна дупка во која пропаднал автобус и неколку пешаци.

Инцидентот се случил вчера вечер пред болницата во градот Сининг, главниот град на провинцијата Кингхаи, јави Би-би-си.

Од снимките на надзорните камери се гледа како минувачите кои чекале на автобуската постојка бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила огромна дупка на патот. Некои од оние кои останале да им помогнат на патниците во автобусот, исто така, пропаднале во дупката.

Според државните медиуми, дијаметарот на создадената дупка е околу 10 метри. Засега е непознато колку лица имало во автобусот кога се случила оваа трагична несреќа.

Во последните години во Кина имало неколку вакви фатални инциденти. Дупките на патиштата во таа земја се должат на честите и несоодветни градежни работи.

Во 2018 година, четири лица загинале откако се создала дупка на прометна улица во градот Дажу, во југозападна Кина. Во 2013 година, во сличен инцидент во Шенжен загинале пет лица.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе